Преодниот рок за
Шпанија заврши пред само неколку денови (31 август), но, најдраматичниот и
воедно неочекуван трансфер летово во таа лига се случи пред повеќе од еден
месец.
Кон крајот на
јули, трансфер сагата околу Малком се чинеше дека го виде својот крај откако
Бордо и Рома се договорија за околу 30 милиони, 21 годишниот Бразилец си ги
спакува куферите од Бордо, им се довери на своите блиски пријатели, меѓу кои и
Џонатан Кафу, поранешниот фудбалер на Лудогорец, кој беше продаден во Бордо за
7,5 милиони евра, но францускиот прволигаш го испрати на позајмица во Црвена
Звезда ова лето.
Токму Кафу ја
открива сторијата за тоа што точно се случуваше со Малком во тие драматични 24 часа кој иако подготвен за
трансфер во Рома, на крајот потпиша за Барселона.
Кафу му правел
друштво на Малком на аеродромот за да го испрати својот сонародник во Рим, но,
во тие моменти ни трага ни глас од агентот Фернандо Гарсија, по еден час
чекање, Малком се вратил во својот дом бидејќи „нешто неочекувано“ испаднало.
Тоа неочекувано
нешто било понуда во последен момент од Барселона, никој не очекувал, ниту
самиот фудбалер за кого интерес пријавија и Тотенхем, Арсенал, како и Евертон,
но, Рома го имаше во својот тим „за момент“.
„Тренирав заедно
со него во пресезонските подготовки. Јас и тој бевме во клупските простории тој
ден, тој се реши да дојде во теретана заедно со мене, ми рече ‘Нема да работам ова утро, Кафу’ јас го запрашав зошто, а тој не сакаше да
излезе на теренот со останатите од тимот, причината беше трансферот во Рома. Ми
рече дека ќе го извести Густаво Појет (тренерот) дека ќе остане во теретана, не
можев да го убедам поинаку“ открива Кафу кој ги мина тие последни драматични 24
часа на Малком во Бордо.
„Потоа бевме на
ручек заедно со мојата сопруга во неговата куќа, беше 4 часот, тој се уште
немаше целосно договорени детали за трансфер. Кога стигнав дома, мојата сопруга
виде на вести дека Малком бил продаден на Рома, веднаш се слушнавме и ми рече
дека ќе има лет во 9 часот, одлучивме да одиме и да го испратиме“
„Кога пристигнав
на аеродромот го прашав ‘Што
се случи?’. Потоа тој почна
да ми објаснува, ‘мојот агент
имал разговор со челниците на Бордо, одлучиле за трансфер во Рома’, јас бев навистина среќен за тоа, ќе игра
во Лигата на шампионите, сите ќе слушнат за него, тој го очекуваше приватниот
авион со кој требаше да полета за Рим“
„Потоа го чекавме
неговиот агент на аеродромот, еден час, можеби еден ипол час… Немаше ни трага ни
глас од него, одеднаш му се јави на Малком и му рече да се врати во својот дом.
Не ја разбрав ситуацијата, но веднаш откако заврши нивниот разговор тој ми рече
‘Барселона покажала интерес,
голем и сериозен интерес…’.
Јас се зачудив и изненадив, тој ми рече дека не се шегува, бев возбуден,
Барселона е клуб на едно повисоко ниво, кој може да одбие таков клуб?“

„Идниот ден (24 јули),
повторно бевме на аеродромот за да го испратиме, чекав до последен момент да
видам дека навистина тој ќе се качи на авионот за Барселона. Тоа е клуб сон на
секој Бразилец, Малком веруваше, им веруваше на своите агенти, можам да ве
уверам во тоа дека во ниту еден момент не се грижеше за тоа…“ откри Кафу за
сторијата која се криеше зад трансферот кој многумина ги изненади ова лето.