189
Вилиам Салиба даде изјава која ги израдува навивачите на Арсенал.
Францускиот стопер доби прашање што очекува од следната сезона. Салиба е оптимист и смета дека „топчиите“ ќе имаат добра сезона.
„Оваа година ќе освоиме сè, сакаме трофеи во Премиер лигата, Лигата на шампионите, ФА Купот, Карабао купот… Се надевам ќе успееме со помош на Бог“, изјави Салиба.
Арсенал ова лето сериозно се засили. Во клубот пристигнаа Виктор Ѓокереш, Мартин Зубименди, Нони Мадуеке, Кристијан Москера и Кристијан Норгард.