Столе сочува „чиста мрежа“ против второлигашот Елдензе, Валенсија во осминафиналето на Купот (ВИДЕО)

by 24 фудбал
2 минути читање

Фудбалерите на Валенсија се радуваа на победа во шеснаестинафиналето од Купот на кралот на гостувањето кај Елдензе со 0-2 (0-2).

Фаворитот си ја оправда својата улога и славеша рутински на ова гостување. Второлигашот не успеа премногу да парира, иако имаше и по некоја шанса од контри. Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски имаше две интервенции, ама поголемиот дел од натпреварот го „преспа“ меѓу стативите.

Инаку, Валенсија стигна до предност преку Серхи Канос кој во деветтата минута по асистенција на Лопез погоди за 0-1.

Вториот погодок беше дело на асистентот Лопез, кому Канос му ја возврати услугата. Вторпат домашната мрежа се тресеше во 39. минута за 0-2, резултат кој се испостави како конечен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани