344
Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Столе Димитриевски сака да остане во Примера, Македонецот веќе му кажал ДА на Леванте, но Валенсија нема лесно да го пушти.
Столе Димитриевски е на излезна врата од „Местаља“ откако Валенсија донесе голман кој мора да брани, или во спротивно клубот ќе плаќа пенали.
Последните информации велат дека Македонецот сака да остане во најсилното првенство на Шпанија и веќе кажал ДА на Леванте.
Сепак, Валенсија нема лесно да се откаже од неговите услуги, популарните „лијлаци“ инсистираат Столе Димитриевски да донесе понуда која ќе им се допадна на сите инволвирани страни, или во спротивно нема да направи трансфер.