Рајо Ваљекано денеска ги започна подготовките за
новата сезона, па како дел од протоколите, целиот тим во вторникот бил
тестиран. Клубот од предградието на Мадрид попладнево соопшти дека еден играч е
позитивен на коронавирус без притоа да го открие идентитетот.
Но според пишувањата на „Пасион пор ел Рајо“,
заразен со ковид-19 е нашиот Столе Димитриевски.
Самиот голман се огласи на социјалните мрежи да
порача дека се чувствува добро и да се заблагодари на поддршката.
Како што пишуваат медиумите, Македонецот нема симптоми но мора во домашна изолација и под медицински надзор. Голманот сега ќе треба да има два последователни негативни теста за да се врати на тренинг.
Столе Димитриевски немал контакт со останатите соиграчи, па подготовките ќе продолжат според планот. Во Рајо биле претпазливи, стравувале од вакво сценарио, па утрово фудбалерите работеле индивидуално.