Столе Димитриевски потпиша за Рајо Ваљекано! (ФОТО)

by
0 минути читање

Цело лето се шпекулираше дека Димитриевски е мета на неколку клуба од Примера, последно се поврзуваше со Еспањол, но изненадувачки на крајот потпиша за Рајо Ваљекано.

Македонскиот голман беше еден од најдобрите во Сегунда, па затоа беше атрактивен за екипите од елитата.

Рајо Ваљекано го договори Димитриевски на едногодишна позајмица со можност комплетно да го откупи по крајот на сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×