Столе Димитриевски не успеа да ја сопре Барса, нова победа за Каталонците (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Натпреварот почна одлично за Рајо Ваљекано и Столе Димитриевски, во 24. минута Раул Де Томас постигна одличен гол за водство на гостите.

Водството на Рајо траеше до 38. минута кога по асистенција од Меси, Пике со глава реализираше за израмнување на 1-1.

По пет минути игра во второто полувреме беше досуден пенал за Барса, а сигурен реализатор беше Меси за пресврт и водство од 2-1.

Конечните 3-1 ги постави Луис Суарез по асистенција на Ракитиќ на десетина минути до крајот на мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×