Медиумите од Шпанија пренесуваат дека се уште постои можност Столе Димитриевски да ја напушти Валенсија, интерес за услугите на Македонецот има од Турција, Саудиска Арабија и Катар.
Столе Димитриевски ова лето побара да замине од „Местаља“ откако Валенсија донесе нов голман со погубна клаузула за Македонецот.
Хулен Агирезабала мора да брани за Валенсија да не плаќа пенали на Атлетик Билбао, па Столе Димитриевски ќе биде во подредена ситуација и практично ќе нема шанси да игра.
Неколку клубови пројавија интерес за услугите на Столе Димитриевски, но на крајот ништо не се реализираше.
И покрај тоа што преодниот рок во најголемиот дел од Европа заврши, Македонецот може да направи трансфер.
Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, интерес за услугите на Столе Димитриевски има од Труција, Саудиска Арабија и Катар.
Останува да се види дали ќе биде најдено решение, или голманот повторно ќе треба да дреме на клупа, барем до јануари.