Медиумите од Шпанија откриваат нови детали од договорот на Столе Димитриевски со Валенсија, платата на Македонецот може да биде зголемена доколку Гиорги Мамардашвили остане на Местаља.
Столе Димитриевски ова лето пристигна во Валенсија со намера да биде прв голман на „лилјаците“ по продажбата на Гиорги Мамардашвили.
Но Македонецот сега се наоѓа во ситуација да биде втора опција откако Ливерпул договори трансфери на Грузиецот за во 2025, и се сложи да го остави оваа сезона на поазјмица на Местаља.
Валенсија сепак никогаш не му дала цврсти гаранции на Столе Димитриевски дека Гиорги Мамардашвили ќе биде продаден, двете страни биле подготвени за едно сценарио во кое голманот од Грузија ќе остане, па биле вметнати серија клаузули за двете страни да си ги заштитат интересите.
Претходно се пишуваше дека Столе Димитриевски може да замине за 3 милиони евра доколку нема првотимски статус, но Релево сега појаснува како функционира оваа клаузула.
Доколку пристигне понуда од 3 или повеќе милиони евра, Валенсија има две опции. Првата опција е да прифати продажба и да оствари капитална добивка, но може и да го одбие предлогот.
Сепак, доколку Валенсија одбие продажба, клубот е обврзан да му ја зголеми платата на Столе Димитриевски.
Релево додава дека платата на Столе Димитриевски е далеку помала од онаа на Георги Мамардашвили, па на Валенсија нема да и биде проблем да му ги зголеми примањата доколку се реши за вторта опција, и по секоја цена да го задржи голманот.
Се чини дека во моментов идеата на Валенсија е да ги има и Столе Димитриевски и Героги Мамардашвили. Грузиецот ќе биде стартер, а Македонецот ќе добива шанси за да се вклопи во тимот и да биде поготвен кога Мамардашвили ќе замине.
Секако, работите можат да се променат доколку некој клуб понуди убава сума за ангажман на Македонецот.