142
Столе
Димитриевски во средата предвреме беше испратен на ладење против Леганес, претера
со приговорите кон судијата па набрзина доби жолт и црвен картон.
Во записникот
стои дека Македонецот го користел зборот „chulo“ кој во одредена конотација значи „макро“.
Дисциплинската
комисија денеска одлучуваше за казната, немаше милост за голманот и му изрече четири натпревари суспензија.
Тоа значи дека 2020
е завршена за Столе Димитриевски, тој ќе ги пропушти мечевите со Логроњес, Лас
Палмас, Жирона и Алкоркон. За очекување е да се врати на голот на Рајо на 10. јануари
и средбата со Мирандес.