Столчето на Слот се тресе, Ливерпул во последните секунди падна пред Борнмут! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Борнмут приреди големо изненадување и го совлада Ливерпул со 3-2 во натпревар од 23. коло на Премиер лигата, одигран на „Виталити“.

Домаќините поведоа со два гола преку Еванилсон во 26. минута и Алекс Хименез во 33. минута, но шампионот успеа да се врати во мечот. Ван Дајк намали пред паузата, а Собослаи израмни во 80. минута за 2-2.

Кога се чинеше дека дуелот ќе заврши без победник, Амине Адли во 95. минута се снајде најдобро во петерецот и му донесе голема радост на Борнмут за конечни 3-2.

Ливерпул продолжува со лошата серија и веќе пет натпревари нема победа во Премиер лигата, со што дополнително расте притисокот врз тренерот Арне Слот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×