И покрај големите инвестиции кои ги направија во летниот преоден рок, Рома игра очајно, вчера загуби од Фиорентина со 5-1 и во моментов е на 11. место на табелата.
Сопствениците на Рома, влегуваат од грешка во грешка откако му дадоа отказ на Жозе Мурињо, ситуацијата наместо подобра, стана полоша. Вложените пари во нови фудбалери и промената на веќе два тренери не донесе никаков плод.
Силно се шпекулира дека Иван Јуриќ наскоро ќе добие отказ, можеби нема да го дочека ниту следниот натпревар.
Како една од опциите кои најчесто се споменуваат за следен тренер на Рома е враќање на Даниеле Де Роси кој уште е на платниот список на клубот.
Де Роси ја има поддршката од навивачите и фудбалерите иако немаше добри резултати. Можеби тој повторно ќе биде ставен за тренер со цел да се неутрализира моменталното незадоволство околу клубот.
Но, газдите на клубот разгледуваат и други кандидати, како имиња се споменуваат три докажани тренери кои во моментов се слободни, Масимо Алегри, Роберто Манчини и Клаудио Раниери.