Стојков си поднесе оставка, веќе не е спортски директор на Брера!

by
1 минути читање

По одличниот старт на сезоната, Брера имаше голем пад кој се уште трае. Па Стојков реши да ја преземе одговорноста за лошите резултати.

„Сакам да ја известам македонската спортска јавност дека од денес не сум повеќе спортски директор на ФК АП Брера Струмица. Во време на долгорочна резултатска криза доблест е да се поднесе одговорност, дури и кога имаш најмалку вина. Но одлуките се носат да се испочитуваат. Им благодарам на фудбалерите за беспрекорната соработка, на клубот и управата за укажаната шанса, и им посакувам многу среќа во следниот период. Време е да се посветам на семејството и новите предизвици“, објави Стојков.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани