Стојаноски: Среќен сум што се вратив во мак-фудбалот, имам мисија со Пелистер

by 24 фудбал
1 минути читање

Пелистер продолжува со нов тренер, откако Димитар Капинковски заработи отказ. На клупата на битолскиот клуб седна поранешниот репрезентативец Милан Стојаноски.

Тој по потписот ги сподели очекувањата од предизвикот со Пелистер, нагласувајќи дека е среќен за враќањето во мак-фудбалот.

Драго ми е што се вратив во македонскиот фудбал. Сакам да ги поздравам сите навивачи на Пелистер. Клубот се наоѓа во мала играчка и резултатска криза, но тука сме тоа да го поправиме и се надевам дека сè ќе биде во ред. Имаме репрезентативна пауза, се надевам дека следната недела добро ќе работиме и ќе ги поправиме и играта и резултатот. Сакам уште еднаш да ги поздравам љубителите на фудбалот во Битола, посебно нашите навивачи, кои верувам ќе бидат наш дванаесетти играч“, изјави Стојаноски по промоцијата.

Прв натпревар за Пелистер на Стојаноски ќе биде пријателскиот против Динамо Букурешт в недела во рамките на прославата на 80-годишнината на клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×