Стоечки овации за Димитри Паје на неговото второ деби за Марсеј (ВИДЕО)

by
1 минути читање

29-годишниот Паје за сума од 25 милиони евра се врати во својот поранешен клуб откако контроверзно го напушти Вест Хем.

Тој синоќа го имаше своето второ дерби за Марсеј откако влезе во продолженијата на куп дуелот со Лион и му помогна на својот тим по 120 минути игра да го добие мечот со 2-1.

Фановите на Марсеј со овации и извици на неговото име го пречекаа Паје.

„Велодром го најдов таков каков што го напуштив. Што почувствував кога излегов на теренот? Морници“ – изјави Паје по мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани