Флорентино Перез
пет години нема донесено големо име на Сантијаго Бернабеу, но тоа веројатно ќе
се промени летоска. Реал имаше катастрофална сезона, па ќе следи реконструкција
на тимот.
Нејмар изминатиов
период често се најавуваше како новиот „галактико“, се шпекулираше дека
Бразилецот е една од причините поради кој Кристијано Роналдо си заминал (ЦР7 му
се налутил на Перез зошто нема пари за нов побогат договор, но има многу пари
за напаѓачот на ПСЖ).
Минатата недела
се појавија гласини кои велеа дека „кралевите“ ќе тргнат по Нејмар и за
услугите на Бразилецот ќе понудат неверојатни 350 милиони евра. Но сега со
пристигнувањето на Зинедин Зидан, плановите веројатно ќе се променат.
Еден од условите
на Французинот за враќање е тој да има целосна моќ и да кажува кој играчи да бидат
купени. Според пишувањата на АС, Зизу смета дека Нејмар е одличен фудбалер, но
Бразилецот не е помеѓу неговите приоритети. Напаѓачот на ПСЖ е најголемата
желба на Флорентино Перез, но Зидан верува дека има други ѕвезди кои можат да
му понудат на тимот многу повеќе. Стратегот истот така не сака да се расправа
со играч кој многу често бара да оди на одмор во Бразил и може да внесе немир
во соблекувалната со своето однесување надвор од теренот.
Па се чини дека
ангажман на Нејмар ќе биде во втор план ова лето со Зинедин Зидан на кормилото на Реал.
БетАдриа Ви нуди бонус до 20 евра за последните натпревари од осминафиналето во ЛШ.