Долго време се говори дека „Црвените Ѓаволи“ сакаат да го ангажираат Французинот
и се подготвени да ја платата откупната клаузула на Антоан Гризман вредна 100
милиони евра.
Напаѓачот на Атлетико Мадрид вчера за прв пат конкретно проговори за
можноста да се пресели на Олд Трафорд.
Антоан Гризман истакна дека шансите за трансфер во Манчестер јунајтед му се 6
од 10.
Па медиумите од Шпанија и Франција одново почнаа да пишуваат на оваа тема.
Според шпанската радио станица КОПЕ, Гризман веќе разговорал со Манчестер
јунајтед за плата, и Жозе Мурињо го има поставено како приоритет ангажманот на
Французинот.
Л’екип пак пишува дека многу е важно „Црвеите Ѓаволи“ да играат во Лигата
на шампионите.
Па реномираниот француски весник верува дека Антоан Гризман ќе заврши на
Олд Трафорд доколку Манчестер јунајтед во среда го победи Ајакс.