Што се случува со рамото на Белингам пред големото финале во Лигата на шампиони? (ВИДЕО)

by bojan
2 минути читање
Белингам рамо

Камерите во неколку наврати го уловија Џуд Белингам како се држи за левото рамо, дури и неговата мајка го праша каква е ситуација, но се верува дека Англичанецот нема посериозни проблеми и сигурно ќе настапи на Вембли.

На последниот тренинг пред финалето во Лигата на шампионите, камерите во неколку наврати го уловија Џуд Белингам како се држи за левото рамо.

Во еден од кадрите се гледа како и неговата мајка го прашува каква е ситуацијата со левото рамо.

Сето ова донесе одредена доза на загриженост кај навивачите, но се верува дека Англичанецот нема посериозни проблеми и сигурно ќе настапи на Вембли.

Како што објаснува АС, Џуд Белингам со месеци игра со неугодност во левото рамо, кое го има дислоцирано уште на почетокот од сезоната и никако целосно се нема опоравено.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани