Што се случува со Лестер, може ли Раниери да добие отказ?

by
1 минути читање

По минатата неверојатна сезона во која Лестер стана сензационален англиски шампион, очекувањата беа дека оваа година тимот ќе биде во средината на табелата, но работите се одвиваат полошо од сите предвидувања.

Лестер синоќа загуби со 1-0 на гостувањето кај Барнли што беше трет пораз по ред. Тимот на Клаудио Раниери е на 16. место на табелата со само два бода повеќе од Кристал Палас кој е во зоната за испаѓање.

Раниери го задржа речиси целиот тим кој направи изненадување, се засили и со неколку фудбалери, но работите одат далеку од посакуваната насока.

За разлика од Премиерлигата, во Лигата на шампионите ги надминуваат очекувањата, го освоија првото место во групната фаза и во осминафиналето ќе играат со Севиља.

Во следното коло го пречекуваат Манчестер јунајтед, со продолжување на лошата серија многу брзо можат да се најдат помеѓу екипите кои ќе испаднат од лигата, па многумина веќе се прашуваат, можно ли е англискиот шампион да се пресели во Чемпионшип?

Клаудио Раниери не ја држи соблекувалната среќна како минатата сезона, напаѓачот Леонардо Ужоа прв изрази незадоволство и даде ветување дека веќе нема да заигра за Лестер.

Можно ли е Клаудио Раниери, човекот кој му ги донесе најважните моменти во историјата на Лестер да заработи отказ?

Модерниот фудбал налага такви одлуки, но се чини дека раководството на клубот мора да има трпение со Раниери и да му ја даде целосната доверба на италијанскиот стратег кој треба да најде формула за враќање на победничките патеки во Премиерлигата пред да биде доцна за тоа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани