Проблематичниот скочен зглоб на Френки де Јонг и понатаму е тема на дебата во Каталонија, Холанѓанецот пет месеци е надвор од стројот и се уште не е јасно кога ќе се врати на терените.
Френки де Јонг заработи повреда на скочниот зголоб против Реал Мадрид на „Ел Класико“ во април месец.
Тогаш се говореше дека Холанѓанецот ќе биде подготвен за новата сезона во Ла Лига, но фудбалерот од средниот ред и понатаму е надвор од стројот.
Ханси Флик неодамна изрази надеж дека ќе може да смета на Де Јонг по паузата за настапи на репрезентации, но веќе е јасно дека нема ништо и од ова, тој ќе ги прескокне и натпреварите против Жирона и Монако.
И додека има многу прашалници, поранешниот кандидат за претседател, Виктор Фонт откри каков разговор имал со Френки де Јонг пред неколку дена.
„Случајно се сретнавме и разговаравме за повредата. Клубот му предложил да направи операција, но тој се решил за конзервативен третман бидејќи немало никакви гаранции дека операцијата ќе биде успешна“ – вели Виктор Фонт.