Што се случува со Челси, трет играч го одби шампионот на Англија за 48 часа

by
1 минути читање

Клубот од
Стемфорд Бриџ се обидува да ги исполни последните желби на Антонио Конте, но
неочекувано се соочува со големи проблеми.

Вчера Челси и
Арсенал се договорија за трансфер на Алекс Окслејд Чемберлејн, но играчот одби
да се пресели во ривалот од Лондон и реши кариерата да ја продолжи во Ливерпул.

Челси исто така
се обиде да го донесе Фернандо Љоренте, Шпанецот беше на чекор до преселба на
Стемфорд Бриџ, но на крајот заврши во Тотенхем.

Вечерва шампионот
на Англија доби нова корпа, „Сините“ се договорија со Евертон за трансфер на Рос
Баркли вреден 30 милиони фунти, играчот дури почнал да ги извршува лекарските
прегледи но потоа се предомислил и се повлекол од зделката.

Антонио Конте
сепак нема да остане со празни раце, се очекува Челси барем да го реализира
трансферот на Дени Дринквотер од Лестер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани