160
Габриел Жесус покажа како фудбалот за неколку години му го променил животот
за 180 степени.
Напаѓачот во 2016 стана Олимписки шампион со Бразил, дебитираше во
сениорскиот тим на „Кариоките“, со Палмеирас стигна до титулата во првенството
на Бразил и си обезбеди трансфер во Манчестер Сити вреден околу 40 милиони
евра.
Само неколку години претходно, односно пред СП 2014, неговиот живот
изгледал сосема поинаку.
Габриел Жесус на социјалните мрежи сподели слики како се подготвува за
мундијалот во родната земја и ги бојадисува улиците во и зелена и жолта боја.


