Во понеделникот Ливерпул објави неочекувана трансфер бомба, потпиша со Фабињо. Во оваа сторија имаше фотографија како фудбалерот ставил потпис на договорот.
На прв поглед нема ништо чудно на фотографијата, но на некој му текнало да го зумира текстот и видел нешто многу интересно. Тоа што на сликата го потпишува Фабињо не е неговиот договор туку е сосема друг лист.
Листот кој го потпишува Фабиро се зборови од вест која Ливерпул ја објави на својот сајт во петокот во пресрет на финалето против Реал Мадрид.
Тоа е вест за прес конференцијата на Јирген Клоп по повод финалниот меч и почнува: „Јирген Клоп во пресрет на саботниот натпревар од финалето во Лигата на шампионите со Реал Мадрид вели: „Ние сме тука бидејќи сме Ливерпул…““.
Тоа значи дека Фабињо не го потпишал договорот со Ливерпул пред фотографите, тоа го сторил претходно во канцелариите на клубот. А за позирањето клубот му испринтал текст колку да има нешто пред себе при сликањето не мислејќи дека некој ќе му обрне внимание на текстот.
