Што можат да очекуваат фановите на Рома, 12 најдобри трансфери на Мончи

by
4 минути читање

Рамон Родригез
Вердахо, познат како Мончи во следните четири години ќе биде задолжен за
засилување на составот на Рома, и целта ќе биде да се креира тим спремен за
атак на титулата во Серија А и прекин на доминацијата на Јувентус

Шпанецот 17
години беше спортски директор на Рамон Санчеаз Писхуан и ја претвори Севиља од
просечен второлигаш до моќен клуб кој освојува трофеи и заработува грди пари од
трансфери.

Тој има направено
голем број на зделки, а помеѓу најдобрите 12 се имиња како Дани Алвеш, Кевин
Гамеиро, Гжегож Криховијак и Жофри Кондогбија.

Секако, на врвот
е трансферот на Дани Алвеш, за кого Севиља во 2002 плати само 550 000 евра, а
во 2008 на Барселона го продаде во трансфер вреден 35 милиони евра, плус уште
неколку додатни милиони во најразлични клаузули.

Во 2013, Мончи го
пронајде Карлос Бака во редовите на Клуб Бриж, го купи за 7 милиони евра и две
години подоцна го продаде на Милан за 30 милиони евра.

Во 2014 беше
купен Гжегож Криховијак за 4,5 милиони евра, а во 2016 продаден на ПСЖ за 26
милиони евра, плус уште неколку милиони во бонуси.

Истото лето го
продаде и Кевин Гамеиро на Атлетико Мадрид за 40 милиони евра. Французинот
пристигна во Севиља во 2013 за четири пати помала сума, односно за 10 милиони
евра.

Во 2011, Севиља
дојде до услугите на Иван Ракитиќ за само 2,5 милиони евра, и го продаде за 18
милиони евра на Барселона во 2014.

Во 2003, Севиља
го ангажираше Жулио Баптиста од Сао Пауло во зделка вредна 3 милиони евра, а
две години подоцна инкасираше 20 милиони евра од продажбата на играчот во Реал
Мадрид.

3 милиони евра
плати Севиља и за Алеш Видал во 2014 и само 12 месеци подоцна го продаде за 18
милиони евра на Барселона.

Околу 3,5 милиони
евра беа платена за Жофри Кондогбија во 2012, кој по само една година беше
продаден на Монако во зделка вредна помеѓу 18 за 20 милиони евра.

Слична сума Севиља
одвои и за Сејду Кеита во 2007, кој исто така помина само една година на Рамон
Санчез Писхуан и потоа беше продаден на Барселона за 14 милиони евра.

Адриано во 2005
беше купен за помалку од 2 милиони евра, и продаден за 12 милиони евра на
Барселона пет години подоцна.

Севиља го
ангажираше Кристијан Полсен во 2006 како слободен играч и две години подоцна го
продаде на Јувентус за 10 милиони евра.

Алваро Негредо е
играчот за кого Севиља плати најмногу, 15 милиони евра на Реал  Мадрид во 2009, но и од него беше заработена
добра сума откако во 2013 напаѓачот беше продаден на Манчестер Сити за 25
милиони евра.

Мончи исто така
има заслуга и за реконструкцијата на академијата на Севиља од која излегоа
голем број квалитетни играчи.

Хосе Антонио
Рејес
беше продаден за 30 милиони евра на Арсенал, Серхио Рамос за 27 милиони
евра на Реал Мадрид, Хесус Навас за 20 милиони евра на Манчестер Сити, како и
Алберто Морено за 18 милиони евра на Ливерпул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани