По доаѓањето на
Антонио Конте на Стемфорд Бриџ минатото лето, Сеск Фабрегас го изгуби
првотимскиот статус.
Шпанецот често е
на клупата за резерви и има ограничена минутажа.
Во разговор со
БиБиСи, фудбалерот од средниот ред сега објасни како е да се работи со
стратегот од Италија.
„Тој е многу
поразличен” – вели Сеск Фабрегас, кој во минатото соработуваше со тренери од
светска класа како Арсен Венгер, Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо.
„Различен од она
на кое јас сум навикнат, од она што сум го искусил во кариерата. Има поинаква
филозофија и поинаков тип на фудбал”.
„Морав да се
прилагодам на неговите барања исто како и другите”.
„Се обидувам да
играм добро кога ќе ми се укаже шанса, и да му покажам дека заслужувам поголема
минутажа”.
„Се справувам со
ситуацијата на начин на кој не верував дека сум способен. Разговарам со него,
тој е искрен, ми кажа што бара од мене, причините поради кои не играм”.
„Што можам да
направам, да одам дома и да плачам? Не,
одите на тренинг, го давате максимумот, најдоброто од вас”.
„Ќе продолжам да
го правам тоа се додека тој нема друга опција освен да ме стави во игра”.