Само победа е во мислите
на Наполи во вечерашната пресметка против Шахтјор во претпоследното, петто коло
од групната фаза во Лигата на шампионите.
Домаќините ја плетеа
мрежата околу голот на Украинците долго, а погодија во 56. Минута со
ремек-делото на Лоренцо Инсиње.
Евентуална победа на
Наполи ќе значи одржување на шансите за второто место во оваа конкуренција кое
моментално го има Шахтјор со три бода предност во однос на Калчолигашот.
Инсиње со голот упати одговор на разрешениот селектор на Италија, Џанпјеро Вентура кој доби огромен број критики за тоа што фудбалерот на Наполи не доби прилика за настап против Шведска во елиминацијата кон патот на Мундијалот во Русија идната година, веројатно го доби најубавиот одговор.