Норвешкиот
фудбалски стратег Оле Гунар Солскјер е одличен по укажаната прилика за
докажување на клупата на Манчестер јунајтед, каде го наследи Жозе Мурињо.
Денес
Премиерлигашот ги реши сите дилеми околу својот тренер кому му понуди
тригодишен договор, кој Норвежанецот го потпиша, а една изјава на Пол Погба,
доволно говори дека Солскјер ги освоил симпатиите во соблекувалната на тимот од
Олд Трафорд.
„Добро е,
резултатите се навистина добри, имаме тренер кој многу добро знае да ја цени
нашата работа, тој е среќен тренер, ни дава полна самодоверба“ рече францускиот
репрезентативец во интервјуто за Скај.
Тој воедно посочи и една многу важна работа од
начинот на кој функционира тимот под водство на Солскјер, а тоа е слободата во
играта, со што веројатно индиректно го „пецна“ Мурињо за неговата препознатлива
и често критикувана стратегија.
„Тој ни дава
слобода да играме фудбал повторно, можеби тоа го загубивме претходно“ додаде
Погба.
Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.