249
28 годишниот ерменски интернационалец од редовите на
Манчестер јунајтед, Хенрих Мхитарјан се чини дека не само што не го смета Жозе
Мурињо за најдобар тренер во светот, туку не го ни вметнува во еден од
најдобрите.
Ерменецот во гласањето за најдобар тренер во светот
најмногу поени, вкупно пет, му додели на францускиот стратег од клупата на Реал
Мадрид, Зинедин Зидан, три поени на Масимилијано Алегри од Јувентус, односно
еден поен му додели на Леонардо Жардим од клупата на Монако.