Што ќе кажат „Ѓаволите“, Бејл открива зошто го одбил Манчестер јунајтед изминатово лето

by
2 минути читање

Можниот трансфер
на Герет Бејл во Манчестер јунајтед стана актуелен пред дуелот на двата клуба
на Арената „Филип Втори“.

Жозе Мурињо од
Скопје порача дека тој ќе тргне по Велшанецот доколку Зинедин Зидан не смета на
Герет Бејл за Суперкупот на Европа.

Играчот сепак
истрча на теренот, па шпекулациите за момент спласнаа. Сепак, во последните денови од
летниот преоден рок, одново се говореше за преселба на Герет Бејл на Олд
Трафорд во трансфер вреден околу 100 милиони фунти.

Се верува дека Реал Мадрид бил подготвен да го продаде фудбалерот за да отвори
место за Килијан Мбапе, но самиот Герет Бејл одбил трансфер во Манчестер
јунајтед.

Во разговор со
Дејли Мејл, тој говореше за можноста да го облече дресот на најтрофејниот клуб
од Англија, но преферира да освојува големи трофеи наместо да стане лидер на ,Црвените
Ѓаволи“.

„Има доста
аргументи за ова (преселба на Олд Трафорд)
– вели Герет Бејл.

„Но кога ќе
погледнете во минатото за да видите што сте направиле во вашата кариера,
гледате во трофеите кои сте ги освоиле
.

„На крајот,
освојување на големи трофеи е најважна работа
.

Ваквите коментари
сигурно нема да им се допаднат на навивачите, Жозе Мурињо изминативе две години
направи голема реконструкција на Олд Трафорд, донесе седум нови имиња кои
ветуваат враќање на победничките патеки и со евентуален ангажман на Герет Бејл,
тие сигурно ќе беа уште посилни, но очигледно Велшанецот не верувал толку многу во проектот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани