559
Славниот поранешен англиски фудбалер Стивен Џерард заминува од редовите на Ал Етифак.
Иако првичните најави беа дека Англичанецот добил отказ, сепак новите информации велат дека Џерард заминал од лични причини. Тој побарал од управата на саудискиот клуб да биде прекинат договорот, а тие прифатиле.
Стивен Џерард пристигна во Ал Етифак во јули 2023 година, во првата сезона заврши на шестата позиција на табелата, додека во тековната тимот е пласиран на 12 место.
Џерард ја започна тренерската кариера во Глазгов Ренџерс, а ја водеше и Астон Вила.