Тинејџерот од
Сенегал имал неверојатно патешествие откако пред две години решил дека по секоја
цена мора да пристигне во Европа за да стане фудбалер.
„Си заминав од
дома само со ранец” –
објаснува Мамаду Кулибали.
„Му кажав само на
мојот најдобар пријател, моите родители мислеа дека сум на училиште. Го
исклучив мобилниот и не им се јавив три или четири месеци. Мислеле дека сум
мртов”.
„Не бевме
сиромашни, имавме што да јадеме. Но татко ми не сакаше да играм фудбал, за него
училиштетот беше многу важно, потекнувам од семејство на учители”.
„Ми кажуваше дека
ќе ме носи на проба во Европа, но тоа го велеше само за да не бидам досаден. Го
ризикував животот за да играм фудбал, но го сторив тоа за нив. Наскоро ќе можам
да им помогнам”.
Тој од родниот
Дакар тргнал со воз за Мароко, а од таму со брод за Европа, но се соочил со големи
проблеми бидејќи немал доволно пари.
„Купив автобуска
карта од Дакар до Мароко, тоа не беше опасно, но потоа работите станаа тешки”.
„Во Мароко, спиев
на улица во близина на пристаништето, немав пари за брод”.
„Неколку дена
подоцна ме виде еден човек и ме праша што правам на уица. Му објаснив дека
сакам да одам во Европа”.
„Работел на брод
кој патувал за Франција и ми кажа дека можам да дојдам со него”.
„На бродот имаше
уште 20 момчиња како мене. Јас сакав да играм фудбал, не знам кои беа нивните
соништа”.
„Патот со бродот
не беше опасен, но јас не знам да плива. Доколку нешто се случеше со бродот, ќе
умрев”.
Откако стигнал во
Франција, отпатувал за Гренобл каде имал тетка, но таму кратко се задржал и
заминал за Италија и Ливорно.
„Еден човек ме
донесе во Ливорно на проба во неколку клубови, но едно утро го снема“.
„Немав пари, не познавав
никого и не зборував италијански. Спиев на улица и имаше денови кога преживував
само со еден сендвич“.
„Од Ливорно заминав
за Рим, па од таму за Пескара, ми кажаа дека во Пескара има многу Сенегалци“.
„Без карта се
качив во воз, но ја погрешив станицата, се симнав во Росето. Спиев на
игралиште, ме најде полиција па ме однесе во преноќувалиште за азиланти“.
Тој бил на проба
во неколку клубови како Рома, Чезена, Сасуоло и Асколи, за на крајот среќата да
му упали со Пескара.
„Бев на проба со
Чезена, Сасуоло, Рома и Асколи но никој не ме ангажираше“.
„Во Сенегал играв
фудбал на улица и училиште. Движењата и се останато научив од ТВ“.
„Мојот татко ме
гледаше во неделата против Милан на телевизија, сега разговараме секој ден. Не
сум ги видел родителите две години. И недостасувам на мајка ми, плачеше многу,
не веруваше дека сум жив“.