Лионел Меси има актуелен договор со Интер Мајами до крајот на сезонава, ама се очекува истиот да биде продолжен и за следната. Откако неколку денови се шпекулираше за неговата иднина, сега потврда дека се очекува да падне потпис наскоро пристигна од претседателот на американскиот клуб Хорхе Мас.
„Очекувам Меси да игра за Интер Мајами и на новиот стадион, а тоа ќе биде во 2026 година. Ова е важна одлука, долго разговараме за неговата иднина во клубот“, изјави Мас.
Продолжувањето на соработката со Интер Мајами практично ќе значи и потврда дека Меси ќе го има „последниот танц“ и на Светските првенства. Слично како и Кристијано Роналдо, тој е решен да игра за Аргентина на Мундијалот следната година.
Аргентина ќе го брани трофејот на турнирот кој ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.