Стигна потврда и од Романо: Алонсо на 1 јуни почнува со работа во Реал Мадрид!

by riste
1 минути читање

Од поодамна нема дилеми дека Чаби Алонсо ќе биде нов тренер на Реал Мадрид, не се знаеше само од кој месец ќе почне со работа.

Се шпекулираше дека ќе го преземе кормилото во јули, по крајот на Светското клупско првенство, но нема да биде така.

Алонсо почнува со работа од 1 јуни и ќе тој ќе го води тимот на Светското клупско првенство, тоа ќе биде и неговиот прв голем предизвик како тренер на Реал Мадрид.

Оваа информација денеска стигна од повеќе страни, а ја потврди и Фабрицио Романо, тој додава дека Шпанецот ќе потпише договор со трајност до јуни 2028 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×