159
Судот за спортска арбитража и официјално потврди дека суспензијата на Пол Погба е редуцирана од четири години на 18 месеци.
Погба може да почне да тренира од јануари, а да игра официјални натпревари од март 2025 година.
Сега Јувентус и Погба ќе влезат во преговори за раскинување на договорот по што тој ќе биде слободен играч.
Целта на Погба ќе биде до јануари да најде нов клуб за свеж почеток по тешкиот период кој го помина.
Како негова следна дестинација засега беше споменат Марсеј, но во наредните денови се очекуваат гласини и за други клубови.