Стевковски: Вардар е еден од најквалитетните во шампионатот, а тоа е мотив за нас!

by 24 фудбал
1 минути читање

Реновираната екипа на Тиквеш ќе го дочека освојувачот на Купот на Македонија Вардар во рамките на второто коло од Првата македонска фудбалска лига.

Во пресрет на натпреварот своите очекувања ги изнесе еден од новајлиите, голманот Христијан Стевковски.

Вардар е еден од најквалитетните тимови во домашниот шампионат во моментов и тоа го покажува долгата низа на мечеви без пораз. Освоениот Куп, настапот во Европа, сето тоа не е случајно. Вардар игра многу дисциплинирано и тоа за нас е дополнителен мотив да одиграме добар меч. Само доколку бидеме на највисоко ниво ќе дојдеме до посакуваниот резултат. Вардар заслужува огромен респект и е еден од главните кандидати за шампионската титула сезонава. Сепак, Тиквеш е тим кој никој не смее да го потцени, бидејќи имаме квалитет на секоја позиција. Атмосферата во тимот е одлична и очекувам квалитетен и неизвесен меч. Секако, се надевам на огромна поддршка од цело Кавадарци, за да можеме да дојдеме до посакуваниот резултат“, изјави Стевковски.

Натпреварот на „Градскиот стадион“ во Кавадарци се игра во терминот од 17:00 часот, а најавено е присуство на двете навивачки групи „Лозари“ и „Комити“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×