Стерлинг ќе му биде на располагање на Гвардиола за првиот меч со Реал Мадрид

by
1 минути читање

Се чини дека Рахим Стерлинг ќе биде целосно подготвен да настапи за Манчестер јунајтед во првата пресметка со Реал Мадрид во рамките на осминафиналната фаза од Лигата на шампионите кон крајот на овој месец.

Шефот на стручниот штаб на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола им дал зелено светло на своите избраници да го напуштат Островот оваа седмица, со тоа што им даде мал период на одмор со оглед на фактот што актуелниот првак на Англија нема меч на програмата до 22 февруари.

Стерлинг се здоби со повреда на бутниот мускул за време на дербито кај Тотнем кое Манчестер Сити го загуби со 2-0, а со тоа се шпекулираше дека нема да успее да се рехабилитира навремено за првиот дуел со „Кралевите“, но „Дејли Мејл“ известува дека повредата не е од посериозен карактер.

Дека е така, потврдува и информацијата што Манчестер Сити ја ослободи својата ѕвезда од клупските обврски како и останатите фудбалери, со тоа што јасно укажа дека не му е потребен дополнителен третман околу повредата.

Манчестер Сити првиот меч против својот противник во осминафиналето од Лигата на шампионите го игра на гости на 26 февруари, а реваншот е предвиден да се одигра на 17 март.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×