318
Спортинг Лисабон од 19 часот ја пречекува екипата на Астана во реванш натпреварот од Лига Европа.
Стефан Ристовски не беше во комбинација за последниот натпревар на Спортинг во португалското првенство, но денеска е најавен во стартниот состав.
Спортинг Лисабон го доби првиот меч со 3-1, па се очекува да нема големи проблеми за пласман во осминафиналето.
Натпреварот помеѓу Спортинг Лисабон и Астана почнува од 19 часот.
