298
Медиумите од Хрватска пренесуваат дека Стефан Ристовски се сели во редовите на босанскиот гигант Сараево.
Стефан Ристовски ова лето прави трансфер откако Динамо Загреб реши да не му понуди нов договор.
Како што попладнево пренесоа неколку извори од Хрватска, поранешниот македонски репрезентативец кариерата ќе ја продолжи во редовите на босанскиот гигант Сараево.
Договорот треба да биде потпишан во текот на денот, а Стефан Ристовски пристигнува во Сараево на барање на тренерот Зоран Зекиќ, кој добро го познава десниот бек од најсилното првенство на Хрватска.