Стефан Ристовски се враќа во Хрватска, овој пат ќе го носи дресот на Динамо Загреб

by
0 минути читање

Во последните моменти од преодниот рок, Динамо Загреб успеа да го купи Стефан Ристовски од Спортинг Лисабон.

Динамо Загреб за Ристовски плаќа еден милион евра, плус доплнителни од 300 до 500 илјади во бонуси. А Споротинг Лисабон ќе добие и 10 проценти од следниот трансфер на македонскиот фудбалер.

Ова ќе биде втор престој за Ристовски во Хрватска, претходно две години играше за Ријека со која ја освои и двојната круна во сезоната 2016-17.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×