177
Македонија одигра
очајно прво полувреме против Шпанија во Скопје на шестиот меч од квалификациите
за СП Русија 2018, па имаше негатива од 0-2 по првиот дел.
Во второто
полувреме Ангеловски се реши прилика за настап да му даде на младиот Елмаз кој
влезе на местото на Стјепановиќ, тоа внесе голема свежина во нашиот тим, веќе
во 66. Минута Стефан Ристовски погоди по една полу контра, претходно ги „прелета“
своите противници кои не беа во можност да го следат брзоногиот македонски
репрезентативец.