Брера ја потврди соработката со еден од најстандардните фудбалери во изминатите сезони, Стефан Наумчески. Дефанзивецот кој веќе две години е дел од зелено-црниот дрес потпиша нов договор и ќе продолжи да настапува за струмичкиот клуб.
Наумчески летово беше слободен играч откако му истече договорот, но и покрај опциите што ги имаше, реши повторно да ја прифати понудата на Брера.
Минатата сезона настапи на 17 натпревари во шампионатот и постигна еден гол, а запиша и четири настапи во Купот на Македонија. Тој има 25 години, а зад себе веќе носи сериозно искуство во Првата македонска лига со настапи за Победа, Вардар и Тиквеш. Досега има одиграно 101 меч во елитата и важи за сигурен играч во последната линија, но и фудбалер кој знае да учествува во градбата на нападот.