Стефан Деспотовски избран во тимот на колото во Србија

by 24 фудбал
1 минути читање

Стефан Деспотовски доби место во тимот на колото во српската Суперлига.

Македонскиот репрезентативец блесна во петтото коло и беше еден од најзаслужните за големата победа на ОФК Београд на гостувањето кај ТСЦ Бачка Топола со 1-3. Деспотовски асистираше за вториот погодок кој го постигна Енем и уште еднаш покажа дека е во одлична форма.

Ова беше четврти натпревар на кој Деспотовски ги одигра сите 90 минути за белградскиот тим, откако не беше во комбинација само на првото коло од сезоната.

Со ваквите партии 22-годишниот играч за врска си го зголемува рејтингот и се очекува повторно да добие повик во А-тимот на Македонија, каде дебитираше во јуни против Казахстан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×