Стеауа е шокирана од топлото време во Скопје

by riste
1 минути читање

Романскиот шампион, Стеауа пристигна во Скопје каде утре ќе игра против Шкендија меч од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Првиот впечаток на Романците не е позитивен. Нивните медиуми пишуваат дека во Скопје е прежешко до степен што е шок за фудбалерите.

„И во Романија е топло, но во Скопје температурата овие денови е над 40 степени Целзиусови и тоа е шок за фудбалерите на ФЦСБ. Утре, во времето на одигрување на натпреварот, околу 21 часот, се очекуваат 32 степена, а во текот на денот прогнозата вели дека ќе биде околу 44 степени. Временските услови се причина што атмосферата надвор од градовите во Македонија е пустинска, со многу малку зеленило“, пишува романскиот спортски весник Газета спортулолул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×