Силната репрезентација на Франција одигра само 0-0 против тоталниот аутсајдер Луксембург кој можеше и да дојде до трите бода.
Французите напаѓаа во текот на целиот меч кој го судеше македонскиот судија Александар Ставрев, но Луксембург фантастично се бранеше.
Преку Гризман и Погба, Франција ја погоди пречката, а во финишот од мечот Родригез од Луксембург имаше статива, шанса која можеше уште повеќе да го шокира Тулуз.
Франција сега има само еден бод повеќе од Шведска која со 4-0 го победи Луксембург, во А групата Холандија со 3-1 ја совлада Бугарија и се врати во игра на две кола пред крајот.
Белгија со голови на Вертонген и Лукаку со 2-1 победи на гостувањето во Грција, гостинска победа забележа и Португалија кај Унгарија, Швајцарија со 3-0 победи во Летонија.
Босна и Херцеговина со убедливи 4-0 го победи Гибралтар на негов терен, Фарски Острови со 1-0 ја совладаа Андора, со ист резултат Естонија триумфираше над Кипар.