Статистиката не лаже: Челси не знае да задржи водство!

by Стефан
1 минути читање

Актуелниот светски клупски шампион Челси минува низ резултатска криза, која дополнително се продлабочи по поразот од Астон вила со 1-2 на „Стемфорд бриџ“.

Посебно е проблематично за Челси што не успева да го задржи водствто кога ќе поведе. Лондонскиот клуб сезонава испуштил дури 13 бодови на натпревари на кои прв доаѓал до водство и се наоѓал во идеална позиција за победа.

Треба да се каже и дека ниту една друга екипа не испуштила толку многу бодови во ситуација кога прва постигнувала гол.

Да успееше Челси да ги задржи тие бодови, „сините“ сега ќе имаа 42 поени и ќе ја делеа лидерската позиција со Арсенал. Наместо тоа, по 18 одиграни кола тимот има 29 бода и се наоѓа на петтото место на табелата во елитното англиско првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×