Една од првите одлуки на Пеп Гвардиола по доаѓањето во Манчестер Сити беше да се ослободи од Џо Харт и да го ангажира Клаудио Браво. Таквата одлука наиде на големо изненадување на фудбалската јавност, но Пеп беше уверен дека Браво е вистинскиот голман за Сити, а не Харт.
Неговата одлука не само што се покажа за неточна, туку е катастрофална. Браво е убедливо најлошиот голман во Премиерлигата.
Браво нема ниту една одбрана на последните два натпревари. Манчестер Сити загуби со 4-0 на гостувањето кај Евертон, а потоа дома одигра 2-2 против Тотенхем. Клаудио Браво прими шест гола од шест шута кои беа упатени во рамките од неговиот гол.
Браво има примено 16 голови од последните 24 шута кон неговиот гол во Премиерлигата. Статистиката вели дека тоа е убедливо најлошиот учинок во лигата.
Се работи за шутеви кои одат директно во рамките од голот со кои голманот треба да се справи на некој начин.