Стартуваа фудбалските возбудувања во Јужна Кореја, Јеонбук со „минималец“ над Сувон (ФОТО+ВИДЕО)

by
1 минути читање

Денеска
стартуваше новата сезона од јужно корејската „К Лига 1“, со тоа што Јеонбук
Моторс славеше минимална победа на домашен терен против Сувон Блувингс, а
победникот беше решен со гол во завршните минути од мечот.

Сосема логично,
натпреварот се одигра без публика, така ќе биде и на останатите средби од
првото коло, а на арената беше испишана порака „Се гледаме наскоро, останете силни“,
не-фудбалскиот персонал крај аут линијата носеше заштитна маска на своите лица.

41 годишниот Ли
Донг-Гук го реши мечот со погодокот во 84. минута по ударот со глава по
нафрлената топка од корнер, а гостите од 75. минута играа со играч помалку
откако Антонис доби директен црвен картон поради груб прекршок.

Кога сме веќе кај
фудбалот во Јужна Кореја, сезоната требаше да почне пред два месеци, уште во
март, меѓутоа стартот се одложи поради пандемијата предизвикана од Ковид-19, а
Јужна Кореја донесе убав пример за справувањето со пандемијата.

Сиот 1,100
фудбалски и не-фудбалски персонал од „К-Лигата“ беа тестирани пред една седмица
со брзи резултати, а се шпекулира дека Корејците отишле дотаму со плановите
откако одложувањето било најмногу за да се сочека на целокупната ситуација, за
да се увиди дали има можност за присуство на навивачи на трибините.

Нешто повеќе од денешниот меч во Јужна Кореја низ фото-галерија, пораки низ гледалиштето со надеж за подобро утре, пред стартот на мечот немаше ракување помеѓу фудбалерите на обете екипи, фудбалерите на клупата за резерви носеа маски, исто како и стручниот штаб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×