Стартот на Обамејанг беше за затвор, но Арсенал има посебни мотиви за ублажување на казната (ФОТО+ВИДЕО)

by
1 минути читање

Арсенал
изминатиот викенд ремизираше на гостувањето кај Кристал Палас во рамките на
редовното 22 коло од англиската Премиерлига, меѓутоа еден не баш пријатен детал
од мечот во Лондон го засени градското дерби.

Стрелецот на
водечкиот гол за „Топчиите“, како и капитен на тој состав, Пјер-Емерик
Обамејанг во 67. минута направи еден доста груб прекршок врз Макс Мејер по што
најпрво доби жолт картон, меѓутоа по прегледувањето на снимките од ситуацијата,
односно по консултацијата со ВАР технологијата, доби директен црвен картон, а теренот го напушти со солзи во очите.

class="twitter-tweet" data-lang="en">

pic.twitter.com/UrADHoTcmY

Иако многумина се
чудат како главниот арбитар од таа пресметка Пол Тирни му додели жолт картон на
Обамејанг за тој доста груб прекршок, во Арсенал дури се надеваат дека
суспензијата од три меча за Габонецот ќе биде намалена, односно тој ќе добие
поблага казна.

Само што го
погледнав тоа низ снимките, изгледаше навистина лошо, да бидам искрен и коректен.
Меѓутоа, познавајќи го Обамејанг, мислам дека тој немаше никаква намера да
направи еден таков груб прекршок
“ рече шефот на стручниот штаб на Арсенал,
Артета по мечот, додавајќи дека Арсенал се извинува за таа ситуација.

Како и да е, во
клубот веруваат дека Обамејанг не користел прекумерна сила во таа ситуација, а
од таму веруваат дека постојат повеќе примери од слични прекршоци кои биле
прегледувани со помош на ВАР технологијата, меѓутоа немало црвени картони.

Како за пример,
од Арсенал сакаат да го посочат прекршокот на Ендру Робертсон над Џафет
Танганга, меѓутоа најмногу ќе се фокусираат на прекршоците слични на овој врз
нивните фудбалери, поточно, станува збор прекршок врз Матео Гендузи на мечот
против Норич, односно оној врз Николас Пепе на пресметката со Вест Хем.

class="twitter-tweet" data-lang="en">

pic.twitter.com/0FpIwgzSkj

class="twitter-tweet" data-lang="en">

pic.twitter.com/DT6d2jeZip

Можно е и ова да ти се допаѓа

×