21
Шкендија вечерва му гостува на Самсунспор во реваншот од плеј-оф рундата во Конференциска лига на УЕФА. По поразот во Скопје, македонскиот првак во Турција ќе се обиде да направи пресврт и да избори место во осминафиналето.
Пред натпреварот познати се стартните тимови на двете екипи, а тренерот Јетон Беќири одреди офанзивна постава.
- Стартни состави:
Самсунспор (4-4-2): Кочук; Јовру, Шатка, Ван Дронгелен, Томасон; Холсе, Макумбу, Нтчам, Асуму; Ндијае, Муандилмаџи.
Шкендија (4-2-3-1): Гаје; Трумчи, Фетаи, Мелиќи, Вебстер; Ислами, Зејнулаи; Тамба, Спахиу, Латифи; Нзенгуе.Стартни состави: