631

Познати се почетните состави за натпреварот меѓу Лихтенштајн и Македонија кој се игра денеска со почеток од 15 часот.
Милевски се одлучи најистурени во нападот да бидат Трајковски и Миовски.
Во средниот ред ќе играат Барди, Алими, Елмас и Чурлинов.
Централни дефанзивци се Муслиу и Серафимов, а странични бекови Алиоски и Зајков. На голот е Димитриевски.
Ова е официјалниот приказ на формацијата според УЕФА, но во реалноста поставеноста можно е и да не е ваква.
